
Беласица ја чека „пекол“ на „Могила“ против Братство, во рамки на 20. коло од Втората фудбалска лига – Исток.
Дуел кој ќе привлече големо внимание и се очекува голем број на гледачи кои ќе бидат ветер во грб за домашните фудбалери во борбата за опстанок. Трите бодови за второлигашот од Житоше се повеќе од потребни, но и Беласица силно ги посакува трите бодови со цел да може да го следи чекорот на лидерот од Виница.
Првиот меѓусебен дуел заврши без победник (1:1) токму на овој терен, па денес струмичани мораат да бидат внимателни. Братство квалитетно се засили и тоа донесе две пролетни победи (против Саса и против Детонит) со што екипата ги зголеми шансите за опстанок, но денес ќе биде потребна трета пролетна радост.