
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека стапката на неработеност е 15.7 отсто во нашата држава.
Лани активното население во државава броело 943.004 луѓе, од кои вработени се 795.087, а 147.917 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56.0, стапката на вработеност 47.2. Во 2020 година невработеноста изнесуваше 16,4 проценти.
Власта цели кон тоа невработеноста да ја сведе на едноцифрена бројка.