ВИДЕО: Во Турција отворен најдолгиот висечки мост на светот

Турција и свечено го отвори најдолгиот висечки мост во светот, изграден над Дарданелите, природната граница меѓу Европа и Азија. Мостот „Чанаккале 1915“ е долг 4.608 метри и го има најдолгиот распон на светот, кој меѓу два главни столбови, високи 318 метри, се протехга до должина од дури 2.023 метри.

Трошоците за изградба изнесувале 2,5 милијарди евра. Тоа е и првиот мост што го премостува морскиот премин што ги поврзува Егејското и Мраморното Море.

Самото име на мостот оддава почит на битката кај Галиполи од Првата светска војна, која Турците ја нарекуваат Чанаккале Савашлари по местото каде што се случила.

Во неа, на 18 март 1915 година, турската војска ги поразила вооружените сили на Антантата, главно од тогашната Британска империја.

Борбите траеле до јануари 1916 година, кога Отоманската империја ги поразила британските и француските трупи.

„Овој мост е траен спомен на мачениците од Чанакале“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган при отворањето на величествениот мост.

Изградбата почна во март 2018 година, а проектот чинеше вкупно 3,1 милијарди евра, 100 милиони евра повеќе од планираното, поради влијанието на пандемијата и зголемените цени на материјалите.

Овие мегапроекти одиграа централна улога во достигнувањата на Ердоган откако неговата Партија на правдата и развојот за првпат дојде на власт во 2002 година. Други проекти го вклучуваат новиот аеродром во Истанбул, тунелите под Босфорот и мостот над теснецот.

Comments are closed.