
Фудбалерките на Тиверија денес на домашен терен во дербито против Каменица Саса ремизираа играјќи 0:0 во рамки на 14. коло од Првата женска фудбалска лига.
Мрежите мируваа и на двете страни, а бодовите беа поделени. Љуботен останува осамен на врвот со 35 бодови, а три помалку има токму Тиверија која е втора со 32 бодови, додека пак третото место со по 31 освоен бод го делат Каменица Саса и Скопје 2014.
Во следното коло Тиверија на домашен терен ќе игра против Борец, во меч каде струмичките фудбалерки ќе важат за големи фаворити за трите бодови.