
Сончево, студено и ветровито, со мала до умерена облачност, поголема во јужните делови. Во крајните јужни делови ќе има слаби врнежи од дожд и снег.
Денес максималната температура ќе се искачи до 9 степени, во струмичкиот регион температурата ќе се искачи од 7 степени.
Од утре следува период на стабилно време со умерен до засилен североисточен ветер. Во вторник ќе има зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа дневните температури брзо ќе се покачуваат.