Ова се знаци дека сте премногу строги кон себе

Додека сте спремни да им простите на другите за грешките, да ги утешите и охрабрувате, вие се однесувате кон себе сосема поинаку. Дали тоа што го зборите кон другите со цел да ги охрабрите си го зборите себе кога ќе се најдете пред одреден проблем ? Ако тоа не е случај, тогаш тоа е знак дека сте премногу строги кон себе. „Дијагнозата“ се потврдува доколку за вас важат следните знаци.

Вие самите проценете

Се чувствувате како да сте „лоша“ личност поради одредени постапки или одлуки. Наместо да си простувате и да учите од грешките, вие самите се осудувате и се лутите на себе. Постојано зборувате за тоа што „можете“ да го направите поинаку и секогаш барате грешки.

Се фокусирате само на големи цели

Кога поставувате цели, планирате огромни чекори кои често не можете да ги преземете. Наместо да ги делите вашите цели на неколку помали и да славите мали победи, вие се фокусирате само на големите и како резултат на тоа секогаш сте разочарани од себе.

Не го забележувате вашиот напредок

Имате чувство дека сте секогаш во иста точка и дека никогаш нема да напредувате. Не го забележувате својот раст и постојано имате чувство дека би можеле да направите нешто повеќе за пофалба. Практично не ги забележувате вашите достигнувања или многу брзо ги заборавате.

Очекувате промени преку ноќ

Кога ќе се одлучите за нешто, очекувате тоа веднаш да се промени. Тогаш сте разочарани кога промената не е толку брза како што би сакале.

Ако се препознавате во горенаведените знаци, запрашајте се зошто е тоа така. Зошто си толку строг кон себе? Кога ќе го добиете одговорот, полесно ќе се разберете, а исто така подобро ќе знаете како можете да си помогнете.

Comments are closed.