
В недела со почеток во 20 часот во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“ концерт ќе одржи познатиот Раде Шербеџија. Концертот е поддржан од градоначалникот Костадин Костадинов и Советот на општина Струмица.
„Ветив и исполнувам. Идеите на младите секогаш ќе ја имаат мојата поддршка. Тие посакаа во нашата Струмица, како град на големи културни настани, да ни гостува светски познатиот Раде Шербеџија. И ќе дојде Раде Шербеџија. Се гледаме в недела во 20 часот во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“. Ние во Струмица знаеме што сакаме“, вели градоначалникот Костадинов.
