Oпштина Струмица ќе реализира настан кај „Зелен лавиринт”, на просторот помеѓу Дом на АРМ и улицата „Ванчо Китанов”, а во чест на пролетта

Oпштина Струмица ќе реализира настан кај „Зелен лавиринт”, на просторот помеѓу Дом на АРМ и улицата „Ванчо Китанов”, а во чест на пролетта. Настанот ќе се реализира на ден 21.03.2022 година (понеделник) во 13:15 часот и на истиот ќе учествуваат и учениците од општинските основни училишта, а градоначалникот Костадин Костадинов упати апел до сите граѓани да дојдат за дружење и разговори за поубава и почиста Струмица.

Се известуваат граѓаните дека ќе има и времено ограничување на сообраќајот од улицата „Ванчо Китанов” бр.21 до ресторан „Happiness” во периодот од 12:15 часот до 14:15 часот.

Comments are closed.