Третата фудбалска лига – Исток ќе започне без ниту една струмичка екипа

Новата сезона од Третата фудбалска лига – Исток ќе започне без ниту една струмичка екипа. Стартот на новата сезона е закажан за 26/27 март и истата треба да заврши кон почетокот на месец јуни.

Во новата сезона ќе се натпреваруваат шест екипи: Малеш од Берово, Рудар од Пробиштип, Овче Поле од Свети Николе, Карбинци, Чешиново и Дојранско Езеро од Дојран. Лигата ќе ја организира ОФС Кочани.

Колку за потсетување изминатите сезони голем број на екипи од Струмица и струмичкиот регион настапуваа во третолигашкото натпреварување на Истокот, меѓутоа во новата сезона ниту една од нив нема да настапи.

Минатата сезона во Трета лига – Исток настапуваа Хоризонт Турново кој беше на чекор да обезбеди влез во Втора лига – Исток, но во баражот беше поразен од Братство, потоа Тиверија и Спартмани од Градско Балдовци, како и Василево. Во претходните сезони настапуваа и Напредок од Радово, Академија Кукла од Куклиш како и други екипи.

Comments are closed.