Беласица на „незгодно“ гостување кај Братство

Екипата на Беласица в недела ќе има „незгодно“ гостување на „Могила“ кај Братство во рамки на 20. коло од Втората фудбалска лига – Исток.

Беласица според формата и квалитетот ќе важи за фаворит за трите бодови, но треба да биде многу внимателна против екипата на Братство која во пролетниот дел е квалитетно засилена и мотивирана после победите над Саса во 17. коло и Детонит во 18. коло со што екипата успеа да дојде во живот и борба за опстанок.

Трите бодови се повеќе од потребни и за едните и за другите. Беласица со триумф би можела да се наближи до првото место на само еден бод во случај на кикс на Слога 1934 во Гевгелија кај Кожуф, додека пак трите бодови за Братство ќе значат и значително приближување до зоната за опстанок, но, сепак, тоа ќе зависи и од резултатите на останатите екипи.

Натпреварот ќе започне во 15:00 часот, а главен судија на мечот ќе биде Благојче Ралевски од Битола.

Comments are closed.