Укинато задолжителното носење маски за основците, за наставниците остануваат задолжителни

Учениците до деветто оделение повеќе не мора да носат маска за време на наставата, препорача Комисијата за заштита од заразни болести. Обврската за задолжително носење на маски за заштита од коронавирус останува за наставниците и административно-техничкиот персонал во основните училишта.

Комисијата ја донела одлуката со мнозинство, а портпаролот на Комисијата, д-р Мехмедовиќ посочи дека внимателно ја следат епидемиолошката состојба и доколку се зголеми епидемиолошкиот ризик, на сила ќе се вратат истите мерки.

Comments are closed.