
Со одлука на претседателот на СДСМ, Димитр Ковачевски за нов претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица е избран Борче Цветков, долгодишен активен член на социјалдемократите.
Цветков е наследник на Марјан Даскаловски кој беше претседател на ОО СДСМ во Струмица од декември 2011 година.
„Почитувани сопартијци, Драги сограѓани и пријатели, Благодарам за искрените честитки по повод моето именување за Претседател на О.О. СДСМ Струмица изразената поддршка значи многу и ми претставува дополнителна мотивација за извршување на оваа сериозна функција, секогаш предводен од социјалдемократските принципи“, вели новиот претседател на ОО СДСМ – Струмица.
Цветков од феврури 2018 година е директор на КПУ Затвор – Струмица, а претходно работеше во администрацијата на Општина Струмица.
Покрај во Струмица нови претседатели СДСМ избра и во останатите Општинските организации.