Бензинот се намалува за 6,5 денари, додека дизелот за 9 денари

Регулаторната комисија за енергетика денес донесе одлука со која од вечерва на полноќ се намалуваат цените на горивата.

Одлуката следува по законските измени на Законот за додадена вредност и Законот за акцизите за намалување на ДДВ-то и акцизата на горивата кои синоќа ги изгласа пратениците во Собранието.

Регулаторната комисија одлучи цената на бензинот да ја намали за 6,5 денари, додека пак дизелот за 9 денари.

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 86,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 88,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 88,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 83,50 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денари и еден килограм ќе чини 60,914 денари.

Comments are closed.