
Академија Пандев третиот круг од шампионатот го започнува на домашен терен против незгодниот протовник Струга Трим Лум, во рамки на 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Пандевци“ влегоа во позитивна серија и повторно се искачија на второто место на табелата пред Шкендија која сега е трета со еден бод разлика. Струмичкиот прволигаш кој цели кон излез во Европа, сега ќе продолжи да го напаѓа и Шкупи кој е лидер со плус десет бодови на табелата.
Струга Трим Лум игра во променлива форма, а на последниот натпревар на домашен терен беше убедливо поразена од Македонија Ѓорче Петров со 1:3.
Формата и домашниот терен ја прават Академија Пандев да биде фаворит во дуелот со стружани.
Натпреварот сега игра во недела со почеток од 15:00 часот, а главен судија на мечот ќе биде Димитар Пилешков од Штип.