Вашето дете го заслужува најдоброто! Многу е важно на вашето дете да му овозможите здрави продукти кои ќе ги консумира секојдневно а се многу важни за нивниот развиток и здравје. Во продолжение ви претставуваме некои од нив:

- ТИКВА
Тиквата е многу здрав продукт бидејќи е богата со витамините А и Ц, а и природно е слатка и секое дете сака да ја јаде. За оние деца кои не ја сакаат, добро е ако редовно ја ставате во менито, па со текот на времето со сигурност ќе стане еден од омилените продукти на секое дете. За подобар вкус, додадете малку сирење и сето тоа испечете и испасирајте го заедно. Детето прсти ќе излиже.

- БОРОВИНКИ
Боровинките се едни од најздравите продукти и благопријатно влијаат врз здравјето на уринарниот тракт, очите и мозокот. Се препорачува на вашето дете да му направите супа од боровинки, така што ќе измешате 50 грама боровинки со една лажица зовриена вода. Потоа уште еднаш зовријте, па испасирајте, а потоа кога ќе се олади послужете го вашето дете. За подобар вкус, можете да додадете и јогурт во супата.
- БРОКУЛА
Богата со раситетлни влакна, фолна киселина и калциум, брокулата е позната по спречување заболувања од рак. Најдобро е да ја варите се` додека не омекне, а потоа исечкајте ја на парчиња и послужете ја.

- ЈОГУРТ
Јогуртот е богат со витамин Д и калциум кои се потребни за здравјето на детето. Јогуртот е одличен за здравјето на забите и коските на детето.

- ЛЕЌА
Леќата е богата со раситителни влакна и протеини и затоа најмногу се препорачува за исхрана на детето. Може да ја сварите, да ја измешате со зеленчук, да ја зачинете со босилек и оригано и потоа да му ја послужите на детето. Верувајте, многу ќе му се допадне.
