
„Почитувани мајки, сестри, другарки и граѓанки на Струмица,Од срце Ви го честитам Меѓународниот ден на жената 8.Март и Ви посакувам да си го поминете убаво, така како што сте го планирале или некои други за Вас тоа го направиле. Славете, но и не се задоволувајте само со вниманието и подароците што го добивате денеска, барајте повеќе, затоа што и заслужувате повеќе. Барајте уште поголема еднаквост, барајте раководни места во локалната и централната власт, места на кои се носат одлуки и се креираат важни политики за нашето општество. Бидете гласни во правото за глас, избор и еднаквост.Отсекогаш сум бил, сум и ќе бидам на Ваша страна, затоа што сметам дека заслужувате да бидете на исто рамниште со мажите. Бидете свои. Бидете горди што сте ЖЕНИ“, се вели во честитката од градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.













