
Струмица уште еднаш докажа дека е верна на традицијата, а карневалот еден од најдобрите во Европа, по две години пауза поради пандемијата со Ковид-19 се врати струмичката традиција – богатство од креации, шаренило од бои, уникатни и свои, струмичани уште еднаш докажаа дека се вистински мајстори за забава под маски.

„Струмица не организираше само уште еден настан, Струмица организираше карневал од светски размери, докажа пред светот сликовито што е всушност струмичкото чудо! Организацијата на таков настан бара решителност, посветеност, бара фокус. Благодарност до организациониот одбор, до ФЕК, до општинската администрација за посветената работа, до Комуналец Струмица оти градот беше чист како солза пред карневалот, до СВР Струмица за гарантираниот ред и мир, до обезбедувањето на луѓето од НИКОБ, до ЦРВЕН КРСТ оти неуморно не загреваа со топли напитоци, до новинарите од сите локални и национални медиуми кои со љубов споделуваа, ја информираа јавноста за сите случувања, благодарност за спонзорите на струмичкиот карневал оти без нив карневалот нема да ги постигне посакуваните очекувања.Благодарност до сите гости што ја посетија Струмица и го уживаа струмичкото чудо. За крај благодарам моја Струмицо, мои струмичанки и струмичани оти потврдивме сите заедно дека сме најдобри, оти можеме и во време на криза да не го изгубиме духот, да не ја оставиме традицијата, да не го залутаме идентитетот“, вели градоначалникот Костадин Костадиов.





