
Ракометарите на Астраион на домашен терен во Спортската сала „Парк“ во Струмица беа убедливо поразени од екипата на Куманово со 21:31 во рамки на 17. коло од Првата машка ракометна лига – Група Б.
Од самиот старт гостите го диктираа темпото и резултатот и во ниту еден момент не дозволија струмичани да го загрозат резултатот, а со тоа и да направат изненадување.
- Целиот натпревар: Астраион – Куманово:
Васко Стојанов со девет погодоци беше најдобар стрелец кај домашните, а пак Даниел Трајчевски од Куманово, исто така, со девет погодоци беше најдобар стрелец.