Академија Пандев домаќин на Борец во Струмица

Академија Пандев во недела ќе ги одмери силите со Борец во меч од 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Пандевци“ во Струмица секако дека ќе важат за големи фаворите, а со нови три бодова ќе се задржат на третото место на табелата и со тоа ќе продолжат да чекорат кон излез во Европа.

Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Струмица со почеток од 14:00 часот, а главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево.

Comments are closed.