Беласица на дерби пресметка на жешкиот терен во Прилеп против Победа

Струмичка Беласица утре гостува на жешкиот терен во Прилеп каде ќе ја одигра директната дерби пресметка со конкурентот Победа во рамки на 18. коло од Втора лига – Исток.

Овој натпревар може да се покажа и како клучен за освојување на врвот од табелата и со тоа директен пласман во Првата лига. Очекувањата се дека утре Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп ќе „крца“ до последно место, а тоа за Беласица ќе значи и „пеколно“ гостување каде ќе мора да игра под силен притисок на домашната публика.

Натпреварот ќе започне во 18:00 часот, а главен судија на мечот ќе биде Игор Стојчевски од Скопје.

Comments are closed.