
Ракометарите на Астраион вечерва со почеток од 18:00 часот ќе го пречекаат составот на Куманово во рамки на 17. коло од Првата машка ракометна луга – Група Б.
Според табелата и формата на екипите ќе гледаме еден неизвесен меч во кој трите бодови ќе бидат императив и за двете страни. Струмичани со 15 освоени бодови ја делат шестата позиција на табелата, додека пак Куманово со 29 бодови е на четвртата позиција на табелата.
Мечот ќе се одигра во Спортската сала „Парк“ во Струмица, а судиска двојка ќе биде Методија Илиевски и Михајло Илиевски од Битола, додека пак за делегат е делегиран Васил Чавдаров од Богданци.