ФОТО: Промовирана монографијата „Струмичко чудо“ на авторите Александар Цицимов и Катерина Милушева

По свеченото отворање на Струмичкиот карневал, во фоајето на Центарот за култура беше промовирана монографијата „Струмичко чудо“ на авторите Александар Цицимов и Катерина Милушева.

„Убаво е да се биде сведок на промоцијата на монографијата „Струмичко Чудо“ посветена на 30-годишнината од возобновувањето на организираната форма на Струмичкиот карневал. Како градоначалник на „карневалска“ Струмица, исклучително сум горд на ова значајно дело, а убеден сум дека ќе бидат горди и сите наши сограѓани“, рече во своето обраќање градоначалникот Костадин Костадинов.

Comments are closed.