Астраион остана без Иванче Ончев кој го засили суперлигашот Радовиш

Струмичкиот ракометен клуб Астраион остана без услугите на Иванче Ончев кој кариерата ја продолжува во редовите на суперлигашот Радовиш.

Радовишани ќе се борат за опстанок во елитното ракометно натпреварување во Македонија, а пред стартот на плеј-аут натпреварите го промовираа Иванче Ончев како ново засилување.

Левниот бек Ончев е еден од најдобрите прволигашки стрелци, а во Радовиш се сели токму од струмички Астраион, претходно беше дел од Борец Велес и Македонија Ѓорче Петров.

Покрај Ончев во Радовиш беше промовиран и Кирил БУровски од Свети Николе, а екипата се одкана од странците и се посвети на македонски играчки кадар. Со овој потек тренерто Љупче Мијалов добива квалитетно засилување во името на Иванче Ончев.

Comments are closed.