
Ракометарите на Астраион во рамки на 16. коло од Првата машка ракометна лига – Група Б забележа триумф над Македонија Ѓорче Петров со резултат од 25:24.
Во супер возбудлив натпревар кој беше неизвесен до последниот судиски свиреж струмичките ракометари дојдоа до петтото сезонско славје и сега се со ист број на бодови ја делат шестата позиција на табелата токму со екипата од Ѓорче.
Водството се менуваше во текот на целиот натпревар, а на полувреме струмичани имаат предност од два гола (13:11). Во вториот дел неизвесноста продолжи, а со тоа и водството повторно се менуваше и на двете страни. Во последните минути гостите од Скопје имаа водство 23:24 а Астраион со два погодоци во финишот го сврте резултатот и ги постави конечните 25:24.
- ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР: Астраион – Македонија Ѓорче Петров:
Васко Стојанов со 11 погодоци беше најдобар за Астраион и на средбата одиграна во Спортската сала „Парк“ во Струмица, а кај гостите најмногу се истакна Мартин Велковски со седум погодоци.