Стојанов: Беласица доминираше во секој поглед денес, од утре се насочуваме кон мечот со Победа

Беласица денес се распука и со убедливи 6:0 ја збриша Локомотива од Градско, која останува закована на дното од табелата. За струмичани, денешниот меч е подготовка за големата дерби пресметка во Прилеп, против лидерот Победа, каде двете екипи во директен судир ќе решаваат за првата позиција на табелата.

Тренерот на Беласица, Александар Стојанов за Спортска Мрежа вели екипата доминирала во секој поглед, а веќе од утре се насочуваат за пресметката во Прилеп против Победа.

„Секако дека е задоволство кога се победува, 6 гола некогаш не се постигнуваат ни на тренинг а не против тим кој цели 90 минути е сконцентриран да се брани со сите играчи во своја половина. Доминиравме во секој поглед денес и секако, сите честитки одат кон нашите играчи и тие се најзаслужни за сè досега, ме радува фактот што на овие два натпревари добивме и неколку млади играчи кои ќе бидат светла иднина за клубот, а тоа секако денес го потврди младиот напаѓач Трајков кој го постигна својот прв хет-трик во сениорска конкуренција. Веќе од утре овој натпревар го оставаме зад себе и се насочуваме кон натпреварот со Победа во сабота“, изјави Стојанов за спортскиот портал Спортска Мрежа.

Comments are closed.