Академија Пандев на тешко гостување во Тетово кај шампионот Шкендија

Фудбалерите на Академија Пандев во недела ги очекува тешко гостување во Тетово кај актуелниот шампион Шкендија, во рамки на 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Пандевци“ во претходното коло со убедливи 5:0 триумфираа над Скопје на домашен терен и тоа е голем мотив за струмичани за позитивен исход на тешкото гостување во Тетово. Шкендија исто така во претходното коло забележа убедлив триумф од 0:3 на гостувањето во Велес кај Борец.

Трите бодови се повеќе од потребни и за двете екипи со цел остварување на своите цели. Академија Пандев како прва цел има обезбедување на место кое носи излез во Европа, додека пак Шкендија покрај место во Европа се бори за да ја одбрани шампионската титула од најсериозниот ривал – Шкупи.

Во секој случај не очекува супер возбудлив натпревар кој би требало да биде неизвесен до самиот финиш.

Натпреварот се игра во недела со почеток од 14:00 часот, а правдата ќе ја дели Александар Грујоски од Кичево.

Comments are closed.