Започнува новата сезона од детската лига – Беласица стартува против Победа од Валандово

Детската фудбалска лига започнува од 5 март и истата ќе биде во скратен систем поделен во два региона, со седум пролетни кола.

Првиот натпревар младите фудбалери на Беласица ќе го одиграат на 5/6 март со екипата на Победа од Валандово на домашен терен. Потоа на гостински терен младите надежи на Беласица ќе играат против Џокер од Фурка, на 19/20 март на домашен терен против Плачковица од Радовиш и на 26/27 март против Кожуф од Гевгелија на домашен терен.

По завршувањето на сите 7 кола следува регионален завршен турнир заедно на А и Б групите од Централен регион, и за крај државниот турнир за оние кои ќе се најдобри во сите региони.

Comments are closed.