Стојанов: Нашите фудбалери знаеја дека треба да се постигне брз гол против Осогово, респект за Локомотива – опуштање нема да има, Беласица прави тим за долги стази и високи дострели!

Беласица победнички ја стартуваше пролетната полусезона од Втората лига – Исток, откако во Кочани со 0:3 убедливо триумфираше над Осогово.

Спортска Мрежа разговараше со тренерот на Беласица, Александар Стојанов за натпреварот во Кочани, кој вели дека од Осогово очекувал многу повеќе и додава дека резултатот можел да биде поубедлив доколку неговата екипа реализирала некоја од стопроцентните шанси.

„Секогаш се тешки првите натпревари при отпочнување на сезоната пред сè од психолошки аспект, а и игравме со Осогово- тим кој целосно го респектирам како тренер, и тим кој во овој момент се бори за опстанок и секој бод му е доста значаен, затоа последната недела специјално се подготвувавме за тоа што ќе не очекува од нив, нашите фудбалери знаеjа дека треба да се постигне брз гол за да остатокот од натпреварот ни биде полесен, тоа и се случи- постигнавме 2 брзи гола и на крајот рутински го доведовме натпреварот до самиот крај. Сепак очекував многу повеќе од Осогово на овој натпревар и резултатот спрема играта и шансите е и повеќе од реален а можеше да биде уште поубедлив доколку реализиравме некоја од стопроцентните шанси“, вели Стојанов за дуелот против Осогово во Кочани од претходното коло.

Сите конкуренти за врвот и за промоција во Прва лига забележаа победи, битката за првото место продолжува и овој викенд.

„Сите наши конкуренти кој се борат за тоа прво и второ место победија, но кај нас не влева доза на притисок, зошто и би го имале тој притисок кога е само почеток на пролетната полусезона, до крајот има уште многу и во игра се уште 33 бодови, ќе одиме од натпревар во натпревар, не отстапуваме од нашата игра да играме напаѓачки фудбал на секој натпревар, секако дека ќе ни треба и спортска среќа, па на крајот ќе видиме дали ќе стигнеме до посакуванта цел“, рече тренерот на Беласица.

Стојанов вели дека имат целосен респект кон Локомотива од Градско, додава дека не треба да има опуштање бидејќи на вакви натпревар се губат шампионски титули.

„Секако дека јас како тренер и целиот наш тим има целосен респект за секој противник, вака ќе биде и со Локомотива од Градско во сабота, не смее да има никакво опуштање затоа што на вакви натпревари се губат шампионски титули,ќе влеземе мотивирано уште од првата минута и со сите расположливи сили ќе го нападнеме противникот и секако дека и на овој натпревар ќе бараме брз гол за да остатокот од натпреварот го одиграме на рутина“, додава Стојанов.

Следната сезона Втора лига ќе биде единствена, и тогаш патот до промоција во Прва лига ќе биде многу потежок отколку во сегашната сезона. Стојанов вели дека Беласица прави тим на долги стази и за високи дострели, доколку оваа сезона не обезбедат промоција и следната сезона ќе го напаѓат првото место.

„Како што напоменав претходно Беласица нема никаков притисок моментално, игра растеретено и растеретено ќе го напаѓаме тоа прво место, доколку не успееме нема да биде трагедија. Секако дека ако не се успее оваа година догодина патот ќе биде потежок, но сепак вие како медиум и сите треба да знаат дека Беласица е клуб кој значи нешто во македонскиот фудбал оваа години прави 100 години од формирање, и во која и да биде лига и каква и да биде јачината на лигата ќе го напаѓа врвот, и догодина исто така би се бркала промоција ако не дај Боже не се успее оваа сезона, затоа што секоја наредна година Беласица ќе биде се повеќе и повеќе моќна затоа што од почетокот на сезоната па се до ден денес прави тим на долги стази и за високи дострели“, заклучува Стојанов во разговорот со Спортска Мрежа.

Comments are closed.