Со автомобил од Струмица до Скопје преку Миладиновци 160 денари за патарини во еден правец

Screenshot – патарина Миладиновци

Доколку патувате со автомобил од Струмица до Скопје преку Миладиновци ќе треба да платите 160 денари за патарини. Откако ќе бидат пуштени во употреба новите две патарини, возењето до Скопје преку Миладиновци ќе биде поскапо.

Двете патарини се во градба, а истите би требало да бидат готови до крајот на месец мај. Ова значи дека кај Преод ќе се плаќа 50 денари, кај Кадрифаково цената ќе биде 70 денари, додека пак кај Миладиновци ќе изнесува 40 денари или вкупно 160 денари во еден правец, односно 320 денари во двата правци.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми вели дека цената на патарините се утврдува според законот, по километар – 2.57 денари.

Comments are closed.