Астраион поразен од Металург РА во Автокоманда во неизвесен натпревар

Ракометарите на Металург РА и Астраион одиграа интересен и неизвесен натпревар до самиот финиш. Домаќините беа подобри од струмичани со 26:25 во меч од 15. коло од Првата лига.

Металург РА одлично го отвори мечот и имаше постојано водство и контрола на резултатот на момент резултатот дојде на плус шест при 12:6, а до крајот на полуремето Астраион намали на 12:10.

Во вториот дел струмичани го свртеа резултатот и имаа водство со што натпреварот влезе во еден неизвесен завршеток.

Кај домашните најдобар беа Виткро Ангелески и Виктор Крстевски со по шест гола, додека кај кај Астраион најдобар беше Иванче Ончев со 12 погодоци.

Comments are closed.