
Беласица со убедлива победа ја започна пролетната полусезона во Втората лига – Исток откако во Кочани со 0:3 славеше над Осогово и не дозволи изненадување по втор пат во сезоната, откако во есенската полусезона Беласица загуби од Осогово во Струмица.
Александар Коцев во 2. минута го отвори резултатот, а по две минути игра Даниел Радојчиќ ја дуплираше предноста. Димитар Трајков во 82. минута погоди за конечни и убедливи 0:3. Беласица останува на четвртото место на табелата со 31 бод, додека пак Осогово сега е на осмата позиција на табелата односно во зоната за директно испаѓање.
Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра против „фенерџијата“ Локомотива.