Сакате да си го сочувате здравјето? Сакате да спречите појава на тумори? Сакате да вашата кожа да изгледа подобро? Сакате вашата коса да биде поздрава? Тогаш крајно време е да почнете почесто да пиете сок од морков. Еве зошто:

Сокот од морков го подобрува квалитетот на кожата поради големите количества на витамин А кои делуваат како штит за кожата и спречуваат таа да се исуши. Морковот помага и во спречување на создавање лузни.
Го подобрува здравјето на забите бидејќи содржи минерали чии антибактериски својства го штитат коренот на забите а истовремено помагаат забите подолго време да останат бели.
Сокот од морков е одлична превентива за рак. Големите количини на каротеноиди содржани во морковот можат да помогнат во превенција на специфични видови тумор, на пример, на грлото од матката и дебелото црево.

Го намалува холестеролот бидејќи содржи голема количина на влакна растворувачи кои го врзуваат холестеролот а потоа му помагаат на телото да ги исфрли како отпад.
Морковите го подобруваат видот бидејќи содржат и големи количини на витамин А, како и бета каротен кои имаат големо влијание за сочувување на здравјето на очите и видот.
Зарем уште чекате?
