
Екипата на Академија Пандев пролетната полусезона ја отвара со големото дерби на Чаир против есенскиот првак од Првата лига екипата на Шкупи.
Овој натпревар ќе биде дерби на колото и истиот ќе може да се следи и на ТВ екраните.
Двете екипи во пролетниот дел влегуваат значително засилени, а овој натпревар ќе биде вистински предизвик и за едните и за другите. Шкупи во пролетната полусезона влегува со цел да се задржи на врвот од табелата и да ја обезбеди шампионската титула, додека пак Академија Пандев има за цел да остане на едно од местата кои водат во Европа и да го напаѓа врвот од табелата, а токму дербито во недела е таква шанса за атак на врвот.
Натпреварот ќе стартува во 13:00 часот, а главен судија на мечот ќе биде Јован Качевски од Струга.
Пред почеток на 19. коло од Првата лига Шкупи е прв со 42 бодови, Академија Пандев е втора со 35 бодови, а еден помалку има Шкендија која е трета и се бори да ја одбрани шампионската титула.