Спасовски: Во моментот течат две акции на заплена на поголема количина дрога во Струмица и Ресен

„Најавувам дека во моментот течат две акции на заплена на поголема количина дрога во Ресен и Струмица“, ова вечерва го соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Деневникот на Македонската телевизија.

„Ова ја покажува решителноста на ова раководство на МВР во сузбивањето на недозволената трговија со дрога. Добрата стратешка поставеност на министерството донесе солидни резултати, а државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици“, рече Спасовски.

Comments are closed.