
Во последните 24 часа направени се 2.790 тестови, а регистрирани се 690 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 490
• Кавадарци – 42
• Куманово – 26
• Струмица – 25
• Штип – 20
• Гостивар и Охрид – по 15
• Велес и Неготино – по 9
• Битола – 8
• Тетово – 6
• Прилеп и Гевгелија – по 4
• Кичево, Кочани и Дебар – по 3
• Струга – 2
• Радовиш, Крива Паланка , Виница, Пробиштип, Кратови и Демир Капија – по 1
Од вкупниот број на позитивни (690), регистрирани се 94 реинфекции.
Од вкупниот број на починати лица (n=21), 6 лица се целосно вакцинирани, а кај 18 лица се регистрирани коморбидитети.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 12 починати лица од Скопје (65г, 66г, 69г, 70г, 71г, 73г, 73г, 76г, 79г, 87г , 88г и 89г), 2 починати лица од Охрид (79г и 85г), и по едно починато лице од Гостивар (84г),Струга ( 78г) Куманово (66г) и Битола (83г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 3 починати лица, Охрид (1), Струмица (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 43г до 68г. Од пријавените лица две лица се починато во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 03.02.2021 – 05.02.2022г.
Регистрирани сe 676 оздравени пациенти од:
• Скопје – 460
• Прилеп – 67
• Тетово – 33
• Струмица и Охрид – по 24
• Гостивар – 21
• Кочани – 14
• Струга – 10
• Штип – 6
• Македонски Брод – 3
• Гевгелија, Радовиш, Виница, Кратово и Богданци – по 2
• Делчево, Валандово, Крушево и Демир Хисар – по 1
Направени се 2.790 тестови преку:
ИЈЗ-26, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-8, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-126, Авицена-109, Биотек-164, Систина-78, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-9, Генеа-0, Никоб Лаб-319, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-70, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.623.
Досега во земјата се направени вкупно 1.821.672 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.872, бројот на оздравени пациенти е 257.956, на починати е 8.599, а бројот на активни случаи изнесува 12.317