Ракометниот клуб Астраион врши уписи на млади категории

Ракометниот клуб Астраион од Струмица врши уписи на млади категории од прво до петто одделение и од шесто од деветто оделение.

Сите кои се заинтересирани за усписи може да се обратат на фејсбук страницата на РК Астраион, како и на телефонскиот број 078 / 852 – 964 Миле.

Астраион во тековната сезона покрај младинските категории се натпреварува и во Првата машка ракометна лига, а во претходната сезона беше дел и од ракометната Суперлига на Македонија која важи за најсилно ракометно натпреварување во нашата држава.

Колку за потсетување Астраион е расадник на млади ракометари од стручкиот крај и се натпреварува со деца кои потекнуваат од младинските погоди на клубот што е можност за развој и напредок на млади ракометари.

Comments are closed.