Кошаркарите на Струмица со триумф над Баскет Кам

Уште една победа на домашен терен за кошаркарите на КК Струмица. Во борба за горниот дел на табелата совладана е екипата на Баскет Кам со резултат 71:58 на полувреме 35:35. Одлична игра на струмичките ракометари кои во текот на целиот натпревар покажаа голема борбеност и желба за победа.

Најдобри на теренот беа Љупче Мелов со 22 поена и Баже Димитриев со 18 поени. Во листата на стрелците се запиша и Димитар Зетов со 13, Миле Ѓоргиев 6, Атанас Костадинов 5, Драган Алексиќ 3, Александар Шајкаров и Душан Ахтаров со по 2 поена.

Comments are closed.