
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев денес ги одигра првите минути во новиот клуб во меч каде Парма ремизираше против Беневенто играјќи 0:0.
Пандев си замина од Џенова и до крајот на сезоната ќе настапува во Серија Б како фудбалер на Парма. На своето деби Пандев имаше неколку шанси за да постигна и прв погодок во новиот тим.

Парма е на 13-тата позиција на табелата со 25 бодови, а целта ќе биде до крајот на сезоната клубот да обезбеди место во плеј-оф зоната со цел да може да ја продолжи борбата за враќање во Серија А преку баражите.