ФОТО: Прв тренинг на Пандев во Парма

ФОТО: Parma Calcio 1913

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев денес го одработи својот прв тренинг во новиот клуб Парма.

Пандев во последниот ден го комплетираше трансферот во Парма каде ќе остане до крајот на сезоната како позајмен играч од Џенова со опција соработката да продолжи и во следната сезона.

Парма се бори да обезбеди место во плеј-оф зоната и со тоа да продолжи бората преку баражот за враќање во Серија А.

Comments are closed.