Градоначалникот Костадинов денеска ги потпиша договорите за работно ангажирање со 16 лични асистенти на ученици со попреченост

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска ги потпиша договорите за работно ангажирање со 16 лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес во основните училишта и тоа 14 во Струмица и по еден во населените места Муртино и Градско Балдовци.

За ангажирањето на 16-те лични асистенти се обезбедени средства од општинскиот буџет.

Струмица е првата општина во Република Северна Македонија која започна со ангажирање на лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес уште во 2016 година.

Comments are closed.