Беласица ги промовираше Јовановски и Давков

Тоа што беше најавено во интервјуто со тренерот Александар Стојанов денес беше потврдено – Беласица ги промовираше Дарио Јовановски и Грегори Давков како нови засилувања за пролетната полусезона во Втората лига – Исток.

Јовановски е роден 2003 година и треба да ја зголеми конкуренцијата на десната бековска позиција, во Струмица доаѓа од Вардар.

Давков исто така е роден 2003 година, тој игра на левата бековска позиција, а есенската полусезона ја помина во редовите на прволигашот Скопје.

Comments are closed.