
Горан Пандев ја напушта Серија А и кариерата ја продолжува во Парма која се натпреварува во Серија Б и се бори да обезбеди место во плеј-оф зоната за борба за влез во Серија А.
Според италијанските медиуми целата документација за трансферот е средена и трансферот треба да биде комплетиран до крајот на преодниот рок.
Пандев ќе го носи дресот на Парма до крајот на сезоната, а во новиот тим соиграч ќе му биде легендарниот голман Џанлуиџи Буфон.
Парма се наоѓа на 12. место на табелата во Серија Б со 24 освоени бодови и има негатива од осум бодови, а целта е да се обезбеди место во плеј-офот за борба за враќање во Калчо-лигата.