
ТСЦ Бачка Топола неочекувано ги засили своите редови со најдобриот стрелец во македонскиот шампионат.
25-годишниот Мартин Мирчевски го засилува српскиот клуб, а неговиот настап во есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига е главна причина ТСЦ Бачка Топола да го обезбеди како големо засилување за пролетниот дел во српскиот шампионат.
Мирчевски е крилен напаѓач кој во Академија Пандев дојде од Вардар. Целосно блесна во дресот на „пандевци“ на 18 првенствени натпревари, имаше многу асистенции, постигна 16 гола со што тој е прв стрелец во есенската полусезона, играч чија кариера ветува успех.
Овој зимски преоден рок за ТСЦ Бачка Топола беше успешен. Успеаа да го доведат поранешниот напаѓач на „црно-белите“ Петар Шкулетиќ, а со Мрчевски ќе имаат одличен тандем за засилен напад на овој клуб.
Српскиот клуб има за цел да обезбеди место за излез во Европа. Дека се стреми кон подобри резултати се гледа и од потегот за доведување на Мартин Мирчевски.