
И годинава ќе се одржи спортската манифестација „Спортист на годината“ на којашто ќе бидат избирани најдобрите спортисти, екипи и тренери во општина Струмица за 2021 година.
Овој спортски избор ќе се одржи на 4-ти февруари (петок) во хотелот „Сириус“ со почеток од 20:00 часот, а ќе се организира согласно протоколите за заштита од Ковид-19.
Клубовите може да направат резервација (бројка на присутни членови) директно во „Сириус“ или на телефон 071 322 987 (Верица).