
Второлигашите Беласица и Слога 1934 Виница денес одиграа контролен натпревар во Струмица кој заврши без побединк, но и без погодоци (0:0).
За Беласица денешниот натпревар беше трет по ред во рамки на подготовките за пролетната полусезона, а пак за Слога 1934 денешниот натпревар беше прв.

Екипата од Виница настапи без три стандардни првотимци и неколку играчи кои се на проба. Двете екипи ќе водат битка за промоција во Прва лига, заедно со Каменица Саса и Победа од Прилеп.