
Струмичкиот прволигаш Академија Пандев денес го одигра првиот контролен натпревар во рамки на подготовките во Анталија, каде против српски Нови Пазар ремизираше играјќи 1:1.
Србите први дојдоа до водство уште на стартот од мечот со гол од пенал, додека пак погодокот за Академија Пандев го постигна новото засилување Пепи Ѓеорѓиев.
Тренерот Стојчев последните 30-тина минути од мечот ги одиграл со помлади играчи кои имаат помала минутажа.
Следен тест за „пандевци“ во Анталија ќе биде косовски Лапи.