
Во Струмица денеска се слави големиот христијански празник Водици.По одржаната богојавленска литургија во осветените води на базенот Аквариус беше фрлен светиот крст, а најбрз меѓу сите кои влегоа во базенот беше Трајче Серафимовски.

Тој од општина Струмица доби подарок Плакета – православен крст со желба за многу здравје, среќа и успех во оваа година.

На одбележувањето на празникот присуствуваа поголем број граѓани, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и претставници на општина Струмица и членови на Советот на општина Струмица.





