ВИДЕО: Беласица максимално се подготвува за кам-бек во Прва лига!

Подготовките кај струмичкиот второлигаш Беласица течат во најдобар ред, фудбалерите максимално се подготвуваат за пролетната борба на Истокот за кам-бек во Првата македонска фудбалска лига.

Беласица есенската полусезона ја заврши на четвртото место на табелата во Втората лига – Исток, зад есенскиот шампион Победа, Слога од Виница и Каменица Саса. Овие четири екипи ќе ја водат битката за првото место кое директно носи во Прва лига, додека пак второпласираната екипа ќе игра бараж за пласман во ПМФЛ.

Неколку исечоци од тренажниот процес на Беласица:

Comments are closed.