20 проекти – поддршка за старт-ап бизниси за млади невработени од општина Струмица

Градоначалникот Костадин Костадинов објави Јавен повик за пријавување и вклучување на 20 млади невработени лица од Општина Струмица во процесот на зајакнување на нивните капцитети заради започнување на свои сопствени бизниси во 2022 година.

Целта на оваа буџетска поддршка е да се поттикнат и охрабрат младите невработени лица да се вклучат во процесот за да изградат соодветни лични капацитети за развивање на своите бизнис идеи во реално остварливи бизнис планови со кои ќе може да започнат свои бизниси. Со тоа добиваат можност за користење на општинска финансиска поддршка и воедно да се оспособат за аплицирање и користење на мерките на Владата на Република Северна Македонија преку Агенцијата за вработување, подрачна единица во Струмица.

Јавниот повик за пријавување е во тек и ќе трае до 20 јануари, а повеќе информации на официјалната веб страница на општина Струмица.

Од вкупниот број пријавени млади невработени лица на Јавниот повик, 20 избрани кандидати ќе бидат вклучени во процесот од кои најдобрите 5 ќе добијат по 60.000 денари за стартување на бизнис.

Comments are closed.