СВР Струмица спроведе акциска контрола за брзо возење

ФОТО: МВР

На 11.01.2022 во периодот од 07.00 до 11.00 часот на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле санкционирани 15 возачи, од кои 8 на подрачјето на Струмица, 5 на подрачјето на Гевгелија и 2 на подрачјето на Радовиш. Од нив, 9 ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 6 во населено место.

Comments are closed.